Ден за борба против СИДА – Македонија една од земјите со помал број на заболени

Универзитетското радио „УГД ФМ“ заедно со Студентскиот парламент и Центарот за односи со јавноста денес организираше трибина на тема „Играј сигурно – СИДА СТОП“.

На трибината свои излагања имаа експерти, професори и луѓе кои се занимаваат со превенција на оваа болест. Доц. д-р Вело Марковски од Факултетот за медицински науки истакна дека, за среќа, Македонија е во делот на земји со помал процент на заболени од СИДА.

Приказната за сидата започна во 1981 година и тогаш имаше најава дека ќе има пандемија и дека ќе се прошири на голем број луѓе, но за среќа пандемијата се стабилизира. До 2007 година, според СЗО, имаме околу 60 милиони починати и ХИВ позитивни. Околу 32 милиони се мртви од СИДА, а останатите се ХИВ позитивни. Во Европа има околу 2.300.000 ХИВ позитивни. Ова не е најчесто сексуално преносливо заболување, но единствено од овој вид кое нема лек туку само прашање на време е кога ќе настапи смртта. Македонија според инциденцата е во земјите со најмал број на регистрирани случаи на СИДА. Ние сме помеѓу 20 и 100 на милион жители и целиот регион ни е таков, освен соседна Грцијаизјави доц. д-р Вело Марковски

Професорот Марковски е инфектолог и добро е запознаен со оваа проблематика. Тој смета дека се одвојува доволно простор во јавноста за СИДА и дека тие се добро информирани. Покрај професорот Марковски, свое излагање имаше и Александра Србиновска, претставник од Центарот за јавно здравје. Таа истакна дека е потребно да се работи на едукација на младите.

Едукацијата на младите е значајна и секогаш е подобро да спречиме отколку да лечимевели Србиновска

На трибината свое излагање имаше и Драгана Митровиќ од Невладината организација „Младински клуб“, која истакна дека нејзината невладина има можност за анонимно тестирање од СИДА.

Ние повеќе години работиме на проекти за превенција и едукација за СИДА. Сакам да ја информирам јавноста дека имаме мобилно комбе кое комплетно анонимно прави тестови за СИДА. Доволно е да нѐ контактираатизјави Драгана Митровиќ

Трибината се одржа во свечената сала на Правниот факултет, а интерес пројавија и студентите од Факултетот за медицински науки кои беа присутни во доволен број.

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Декември 2015 12:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…