Според деканот на Земјоделскиот факултет при УГД, проф. д-р Љупчо Михајлов, ова предавање е корисно за студентите и значи продолжување на соработката на двете институции, која треба да резултира и со посета и размена и на студенти:
- Ова е плод на нашата долгогодишна соработка, предавање од една практична област. Институтот во Карнобат има традиција од 90 години, работи на генетика и селекција на житни култури и на нашите студенти им објаснуваат на кој начин ги вршат тие активностите околу селекцијата, генетиката, вкрстување на растенијата. Аспект на предавањето во Штип и во Струмица е за хибридизација и селекционирање на јачмен кој ќе издржува ниски температури и суша, што е од особено значење за земјоделското производство, бидејќи климатските услови во тој дел од Бугарија и кај нас се многу слични. Директорот на Институтот од Карнобат, проф. д-р Драгомир Валчев долги години работи на оваа проблематика, има селекционирани негови сорти на јачмен, имаат и на овес и пченица, а за на пролет, кога вегетацијата ќе биде напредна, кога ќе има можност да се види нешто и на поле, планираме и наши студенти да отидат таму и да се уверат и видат на кој начин одат тие техники на селекционирање на житните култури.изјави проф. д-р Љупчо Михајлов
Професорот Валчев одржа предавање и пред студентите од Кампусот на УГД во Струмица.