Оваа награда ја доделува претседателот на РМ, Ѓорге Иванов. Според ректорот Боев тоа е одличен начин за мотивирање на младите да се ангажираат во научноистражувачката дејност, а универзитетите треба да ја користат можноста и младите научници да ги ангажираат во своите програми.
Праксата да се поттикнат младите научници со награди, која ја воведе Претседателот на РМ, е исклучително значајна за нашата држава и за високото образование и науката, и треба да се поддржува и натаму, во насока тие да знаат дека оваа држава води сметка и се потребни во оваа држава. Во крајна линија, ако најдобрите не останат на универзитетите и во државата развојот на науката и високото образование ќе им биде скратен за некои лица и млади генерации, научници и професори кои можат да придонесат многу во оваа сфера. Бидејќи не треба да заборавиме дека универзитетите ќе останат на нив, нема да останат на постарите, тие се на младите, студентите. Затоа е важно ваквите акции и понатаму да се поддржуваат и да бидат до крајни граници изведени во општеството за да можат нашите млади научници, студенти кои имаат исклучителни постигнувања во делот на образованието и науката да си го најдат своето место на нашите универзитети. Јас имам особена чест колегата од ЕТФ - Скопје да биде на УГД, да види што и како работиме овде и да понесе некои искуства од овде. Добра можност е да ги слушне нашите намери и ние неговите. Како универзитет сме отворени и ако има можност има отворена покана да влезе на УГД, да се вработи. Ние не бегаме од тоа младите луѓе да ги примиме на универзитетот и сме отворена установа за сите млади луѓе кои сакаат да се развиваат во насока на доброто на државата и доброто на овој народизјави Ректорот проф. Д-р Блажо Боев
Голема чест ми е да ја примам наградата од Претседателот на РМ, а и зборовите од ректорот Боев за да продолжам да работам во мојата научноистражувачка дејност и да продолжам со резултатите што ги постигнував досега. Првпат сум на УГД, ми се допаѓа, одлично е уреден, ми се допадна и приемот од деканката на ЕТФ. Предавањето помина одлично, посетено, а имаше интерес и прашања од студентите. На сите студенти им порачувам прво да се насочат таму каде што им е интересот, да го надградуваат постојано своето знаење и да се занимаваат со наука, затоа што е исклучителна дејноствели м-р Даниел Денковски
Јавниот повик за избор на најдобар млад научник за 2015 година е во тек и ќе трае до 31 декември 2015 г.