Една од најдобрите наставнички во светот одржа работилница на УГД

Наставничката која е избрана за една од најдобрите 50 во светски рамки одржа предавање на Факултетот за образовни науки при УГД.

Наставничката Весела Богдановиќ е од Битола и со оваа престижна титула се здоби благодарение на тоа што користи иновативни и креативни методи во предавањата на децата во ОУ „Кочо Рацин“ во Битола.

Активностите со децата се обидувам секогаш кога има можност за тоа да ги организирам преку игра, преку драмски методи и методи на дидактичко поттикнување. Користам разни дидактички поставки кои во моментот се поставуваат во училницата или се од времена рамка, потоа методот на изненадување е посебно интересен кај децата. Главно, се работи за истите познати методи и модерни техники во современото образование. Сето тоа е зачинето со богата стимулативна средина и со вклучување на учениците во креирањето на образованиетовели наставничката Богдановиќ

Наставничката вели дека нешто што таа многу го применува во образованието е почитување на мислењето на децата и тоа многу ѝ помага да ги подобри своите часови.

Јас многу го почитувам мислењето на дечињата и барам од нив да ми дадат насоки и ги користам нивните идеи за примена на ресурси кои нив ги радуваат и ги прават среќни. Тоа и мене ми дава понатаму идеи како да правам наставен процес во кој тие ќе бидат задоволни. Кога тие ќе бидат задоволни успехот ќе биде неминовенвели Весела Богдановиќ

Според оваа наставничка децата се партнери во образовниот процес и често даваат свои идеи кои подоцна се применуваат на многу генерации деца.

Дечињата се навикнати да бидат партнери во образовниот процес. Често им давам можност сами да влегуваат во моментот како мои ментори кои ми помагаат со свои идеи и насоки. Многу пати се случува идеја која јас ја развивам, а тие да ја надградатвели наставничката од Битола

Весела Богдановиќ денеска на покана на Факултетот за образовни науки при УГД одржа предавање – трибина пред професорите, асистентите, но и наставници од основните училишта и градинките во Штип.

Последен пат изменето на Среда, 23 Декември 2015 08:50
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…