Студентот Петре Штерјов со песна за кампањата на УНХЦР „Земја на сонцето, земја на солидарноста“

Еден од најдобрите студенти на Музичката академија при УГД - Штип Петре Штерјов беше избран за официјален претставник на УНХЦР со своја песна за кампањата „Земја на сонцето, земја на солидарноста“.

Штерјов ја компонира, изведе и сними песната со наслов „Исти“, со пораки за хуманост, сочувство и добрина кон сите бегалци, кои поради војна во нивните земји ги напуштиле своите домови. Штерјов повеќе пати помагал во хуманитарни мисии носејќи храна и облека за бегалците.

Штерјов е студент во четврта година во класата по пијано на проф. д-р Милица Шкариќ. За време на своите студии тој настапи како солист со Македонската филхармонија, освои Гран-при на меѓународниот натпревар „Дојрана“, ја доби наградата на Општина Велес како заслужен граѓанин, а има изведено неколку солистички рецитали низ Македонија поддржани од Министерството за култура.

UNHCR-Skopje - "Isti", a song by Petre Shterjov | Facebook

Последен пат изменето на Вторник, 22 Декември 2015 15:17
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…