Тие се во Македонија како дел од проектот „Обука на македонски лекари од страна на американски специјалисти“, кој е почнат од Министерството за здравство и Владата на РМ. Д-р Лин Ченг, специјалист по општа хирургија, изрази задоволство што е во Штип и го споделува своето искуство.
Чест и задоволство ни е што можеме да ги подучуваме нашите колеги специјалисти и специјализанти во јавното здравство во Р. Македонија и во Штип. Во моментов соработуваме со специјалистите и специјализантите од областа на општата хирургија и гинекологија. Драго ни е што успеавме да видиме и утврдиме дека македонските лекари ја практикуваат медицината слично како што и ние ја практикуваме во САД. Македонските лекари ги третираат и се грижат успешно за своите пациенти и добро е што можеме да го споделиме нашето искуство од САД. Ова е одлична размена на искуства, за да им пренесеме како работиме во САДизјави д-р Ченг, спец. општ хирург од Болницата во Редвуд Сити, Калифорнија, чие предавање беше на тема „Новините во современата светска хирургија“
Предавање на тема „Механика на раѓањето“ одржа и д-р Џејмс Лајт, спец. гинеколог акушер, вонреден професор на Медицинскиот факултет УАБ, Хантсвил, регионален медицински кампус во Тенеси.