УГД организира велосипедска трка „Со велосипед на факултет“

Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Велосипедската федерација на Македонија ќе организира велосипедска трка под мотото „Со велосипед на факултет“. Трката е наменета за рекреативци и лиценцирани натпреварувачи, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓани.

Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ ќе се организира на 27 март 2016 година (недела), како дел од активностите што УГД ги предвидува во рамките на одбележувањето на патрониот празник.

Рекреативната трка ќе започне во 11 часот, а лиценцираните натпреварувачи ќе ја започнат својата трка во 12 часот. За најдобрите учесници во трките се предвидени награди.

Велосипедската маршрута во должина од 2.700 метри е низ центарот на Штип, со старт и цел на Плоштад „Слобода“, и ќе се одвива според следниов план.

Натпреварувачка  рекреативна  трка (отворена трка за сите граѓани учесници на манифестацијата кои имаат поголема физичка подготвеност, спортски амбиции и натпреварувачки дух):

*до 15 години    3 круга

*над 15 години     5 кругa

Натпреварувачка трка (само за лиценцирани велосипедисти):

У-13    6 круга

У-15    9 круга

кадети и жени    12 круга

сениори, јуниори и мастерс    20 круга

Заинтересираните за учество можат да се пријават на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во рамки на настанот музички настап ќе имаат студенти од Музичката академија при УГД и други познати музички групи.

Преку организација на ваков настан, УГД ја подига свеста за користење на  велосипедот и практикување на велосипедизмот како спорт што нуди одлични можности за рекреативно занимавање со спорт, што придонесува за здраво тело и здрав дух, ја штити животната средина и придонесува за нејзино еколошко одржување.

Линк за пријава!

 

Последен пат изменето на Петок, 04 Март 2016 16:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…