(Видео) Грнчарството низ вековите

Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на УГД организираше предавање на тема „Грнчарството низ вековите“. Предавањето го одржа м-р Гордан Николов од Музеј на Македонија, кој изјави дека грнчарството има значење за историјата на една држава и народ:

Преку еден интерактивен пристап јас се обидов на студентите да им ја презентирам историјата на грнчарството низ вековите. Всушност, станува збор за македонското грнчарство, од првите форми кои датираат уште од неолитот, а тоа се црепните, кои спаѓаат во групата на таканаречена женска керамика, па понатаму до изработката на грнчарски предмети со рачно колце и до ножното колце. Значи, низ еден практичен историски пресек, преку стиловите на  изработка на грнчарски предмети. Јас се обидов тоа да им го пренесам на студентите, секако преку историска фотографија, фотографии кои се направени во педесеттите години на минатиот век, филмови кои се направени во седумдесеттите години, сѐ до фотографии направени кон крајот на 20 век и пред неколку години, кои се конкретно од селото Вранештица. Откога постои човекот, цивилизацијата, постои и грнчарството, постои и државата, бидејќи се смета дека првиот материјал на кој човекот му ја сменил молекуларната состојба е керамиката и дека од тогаш почнува цивилизацијата и човештвото. Ние во Македонија отсекогаш сме биле актуелни низ еден широк историски дијапазон имаме богата историја, што го потврдува керамиката, како од историските приоди, така и етнолошката керамикаизјави м-р Гордан Николов

Последен пат изменето на Петок, 25 Март 2016 09:45
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…