Јандреоски изрази благодарност до ректорот за можноста за соработка:
- Сакаме да ги унапредиме едукативните процеси на Универзитетот, а агенцијата да има можност да ги инволвира студентите и кадарот од УГД во процесите за развој на цивилното воздухопловство во Р.Македонија. Најблизок до тоа што се случува во индустријата за транспорт е Факултетот за туризам и бизнис логистика, студентите ќе можат да бидат информирани за некои едукативни процеси кои се на европско ниво и се поврзани со транспорт и воздухопловство, и информации од оваа област кои се важни за изработка на добри студии. Заедно со УГД ќе може да се учествува и во развојни проекти и тоа беше и една од темите на разговор со ректорот. Во Меморандумот постојат поприличен број точки кои се предложени и прифатени и од двете страни и кои оставаат простор за соработка.
Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, уште еднаш нагласи дека УГД е во континуитет насочен и отворен за соработка со стопанството и тоа е една од темелните определби:
- Во таа насока е и овој Меморандум за соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство, за да можеме некои студиски програми кои се блиски со оваа област на работа која ја има агенцијата да бидат вклучени во нашите курикулуми, да ангажираме стручњаци од пракса од нивната установа кои ќе бидат ангажирани во нашиот образовен процес, а од друга страна и можност за пракса во таа агенција на нашите студенти. И не само во неа, туку и во целиот јавен сектор и во стопанството, што е темелна определба на Универзитетот. Знаете, тука нема алтернатива во тој пат и мислиме дека е важно нашите курикулуми да одговараат на она што значи живот. Значи не може студентите да добиваат нешто што нема примена, мора тие курикулуми да се менуваат и да имаат применливост во сферата каде што делуваат. Тоа е главната тема на оваа соработка – изјави ректорот Боев.