„Ораторски вечери“ по шести пат

Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Клубот на оратори „Ростра ветера“ по шести пат ја организираат манифестацијата „Ораторски вечери“.

Годинава на овие „Ораторски вечери“ ќе учествуваат студенти од факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавени се вкупно 13 учесници. Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а ќе се одржи во свечената сала на Правниот факултет. Учесниците ќе се натпреваруваат во три категории: слободен говор, про и контра и историски говор, а во сите три категории ќе бидат прогласени по тројца најдобри. „Ораторските вечери“ годинава ќе се одржат во среда, 13 април, со почеток во 19.30 ч.

Последен пат изменето на Петок, 08 Април 2016 15:05
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…