УГД започна соработка со „Џонсон контролс“

Универзитет „Гоце Делчев“ започна соработка со најголемата компанија во Источна Македонија – „Џонсон контролс“.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, „Џонсон контролс“ ги отвора своите врати за овозможување на пракса и идни вработувања на студентите од Универзитет „Гоце Делчев“.  

Покрај тоа, соработката овозможува и континуирано образование на студентите од УГД, како и заедничка изработка на проекти помеѓу двете институции.  „Џонсон контролс“, како бизнис лидер во Источна Македонија, веќе им овозможи работен ангажман на неколку студенти од Факултет за информатика, Економски факултет и Машински факултет.

Оваа пракса ќе продолжи и во иднина, а претставува убава можност што треба да ја искористат студентите на УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Април 2016 14:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…