На оваа трибина, пред сите присутни, раководителите на Е-индекс, Е-учење и Е-библиотека ќе ја демонстрираат работата на соодветните платформи, ќе ги демонстрираат предностите на истите, особено фактот како тие го олеснуваат студирањето на нашите сегашни и идни студенти.
На трибината се поканети средношколците од сите средни училишта во Штип, како дел од промотивната кампања на УГД при уписот на нови студенти, сите сегашни студенти, како и сите вработени, кои ќе имаат можност да видат една поинаква промоција на можностите и достигнувањата на УГД.