(Видео) Амбасадорот на САД, Џес Бејли во посета на УГД

Амбасадорот на САД во Р. Македонија, н.е. Џес Бејли, денеска престојуваше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. За време на посетата, амбасадорот Бејли се сретна со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и проректорите проф. д-р Дејан Мираковски и проф. д-р Кирил Барбареев. По средбата, н.е. амбасадорот Џес Бејли изјави дека е задоволен што денеска е на Универзитетот „Гоце Делчев“:

- Уште пред да  дојдам во Македонија кажав дека  една од моите најважни цели е да ги зајакнам врските меѓу универзитетите и меѓу студентите. Секој Универзитет ширум светот се обидува да биде дел од глобалниот систем, и многу е важно за студентите ди факултетите да изградат размена со колегите не само во регионот, туку и ширум светот. Горд сум што Амбасадата има соработка со УГД во повеќе различни области, и го вклучуваме и Правниот факултет, кој ќе го посетам денеска. Исто така соработуваме и во областа на науката, но и во повеќе проекти, за кои ме информираше Ректорот. Затоа, јас гледам важна улога , моја и на Амбасадата во градењето на врски помеѓу нашите земји да градиме врски  и помеѓу универзитетите.  Затоа иднината на нашите земји е уште поефективно да соработуваат, да комуницираат, и посилно да биде нашето партнерство.

Ректорот Боев истакна дека за УГД е особена чест што Амбасадорот на САД господинот Бејли е во посета на УГД:

- Задоволство ни е што можевме да поразговараме со господинот Бејли за соработката со американските универзитети и воопшто со нашето присуство на американскиот простор во делот на образованието, науката и истражувањата. Од негова страна беше искажано задоволство што е денеска на нашиот универзитет, за кој смета дека е еден од подобрите во Р. Македонија и за кој смета дека треба да се најде поголема форма за соработка со американските универзитети. Тој денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во рамките на нашата соработка со Амбасадата на САД во Р. Македонија и мислам дека во иднина ќе ја продлабочиме оваа соработка во насока на истражување, соработка со универзитетите, размена на студенти, наши студенти кои ќе заминат во САД и студенти од САД кои ќе дојдат на УГД. Мислам дека ова е една добра пирлика да ја продолжиме соработката, бидејќи господинот Бејли е голем пријател на Република Македонија и од друга страна и голем пријател на нашиот Универзитет.

Амбасадорот на САД во Р.Македонија, господинот Џес Бејли пред студентите на Правниот факултет одржа предавање за Изборите во САД.

Последен пат изменето на Вторник, 03 Мај 2016 16:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…