Одбележани 113 години од смртта на Гоце Делчев

Универзитетот „Гоце Делчев“ денес се приклучи во одбележувањето на 4 мај, денот на смртта на револуционерот Гоце Делчев. Одбележувањето се случи со панихида во црквата во Ново Село, со пригодна реч и положување на цвеќе на спомен-релјефот на Гоце Делчев.

По повод загинувањето на идеологот на Македонското револуционерно движење реч одржа професор по историја од Универзитетот „Гоце Делчев“, а ректорот и Ректорската управа положија цвеќе.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.

Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Последен пат изменето на Среда, 04 Мај 2016 12:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…