(Видео) Џес Бејли: Странските, односно македонските студенти имаат огромни можности на универзитетите во САД

Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли во интервју за Универзитетското радио и телевизија зборуваше за можностите што ги нуди Амбасадата на САД во Р. Македонија за македонските студенти, за стипендиите, но и за обуките со кои можат да се збогатат младите луѓе во Македонија.

Покрај овие теми, амбасадорот зборуваше и за својата визија за Македонија, за неговиот став за природните убавини на државата, но и за институциите и медиумите.

Амбасадорот на САД Џес Бејли имаше и средба со ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, каде што беше истакната можноста за соработка меѓу Амбасадата на САД во Р. Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“. Целосното интервју погледнете го во видеото во продолжение.

Последен пат изменето на Четврток, 05 Мај 2016 13:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…