Иванов, воден од сопствените познавања и искуства, пред студентите од трета година ги елаборираше состојбите со е-бизнисот, е-трговијата и е-маркетингот, како и неопходните предуслови за започнување и менаџирање на успешен е-бизнис глобално и кај нас. Целта на предавањето беше да се прикажат можностите и ограничувањата за започнување на сопствен е-бизнис, а воедно и да се мотивираат и инспирираат студентите за нивно професионално остварување.
Предавање на тема „E-commerce behind the scenes“
- - Мај 06, 2016
Студентите од насоката Бизнис администрација на Факултетот за туризам и бизнис логистика имаа можност да проследат предавање од Бојан Иванов, главен технички директор и соосновач на дигиталната агенција #Different. Темата на предавањето беше „E-commerce behind the scenes“, а истото се одржа на 3 мај во склоп со наставната програма по предметот Е-бизнис.
Одбележен под