„Од идеја до реализација – патот до успехот“ е темата на предавањето кое во четвртокот (5.5.2016 година) пред студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика го одржа Игор Христов, гостин-предавач од пракса. Негов домаќин од ФТБЛ беше доц. д-р Никола Цуцулески, кој на факултетот го предава предметот Информатички системи во угостителството и туризмот. Господинот Христов е извршен директор на компанијата „4Виртус“, која се занимава со изработка на софтвер од повеќе области, меѓу кои и туризмот.
Од неодамна тој е партнер и во компанијата „Fueloyal“, која е меѓу најиновативните во Европа. Нивниот производ е паметно капаче, кое се користи во транспортната индустрија и служи за намалување на трошоците за гориво.
Студентите беа активно вклучени низ целото предавање, а на крајот од предавањето имаа можност да постават и прашања од темата.