Програмите беа презентирани пред матурантите од проф. д-р Лилјана Колева-Гудева и доц. д-р Фиданка Трајкова. Во текот на презентацијата на учениците им беа дадени информации за условите за запишување, начинот на студирање и сите предности за студирање што ги нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Како дел од презентацијата, на потенцијалните студенти на УГД им беа поделени флаери како информативен материјал.
Студиските програми каде што можат идните академски граѓани да го направат својот избор се:
Агроменаџмент – 4-годишни студии;
Градинарство – 4-годишни студии;
Енологија – 4-годишни студии;
Лозарство – 4-годишни студии;
Фитомедицина – 4-годишни студии;
Полjoделство – 4-годишни студии;
Растителна биотехнологија – 4-годишни студии.
Сосема е јасно дека секој млад човек се наоѓа пред една раскрсница на која треба да одлучи што и каде понатаму. Затоа Земјоделскиот факултет и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип им овозможуваат олеснување при изборот и полесно чекорење кон патот на нивниот избор.
Порака кон матурантите и идни студенти на УГД:
Повелете и вие бидете дел од нашата академска средина во која ќе имате можност за:
- практична теренска работа;
- лабораториска работа во модерни и комплетно опремени лаборатории;
- апликативна и научноистражувачка дејност во акредитирани лаборатории;
- стипендии и студентски размени.