- Преку оваа посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ и преку соработката што градоначалниците ја остварија го започнуваме процесот на соработка со оваа високообразовна установа. Очекуваме во иднина делегација од овој универзитет да го посети Универзитетот во Ѓунѓуш и да се договорат конкретни мерки на соработка. Исто, добро е да напомнам дека на владино ниво двете држави имаат договорено стипендии за македонски и за унгарски студенти истакна амбасадорот на Унгарија во Р. Македонија, Јозеф Бенце.
Од друга страна, ректорот на УГД посочи дека во последно време Универзитетот „Гоце Делчев“ ги интензивира соработките со амбасадите, а од тоа ќе произлезе бенефит и за студентите.
- Ние соработуваме со сите амбасади и со амбасадорот на Унгарија веќе договоривме соработка преку посета што наскоро ќе ја реализираме во Унгарија и на која ќе договориме конкретна размена на студенти и наставнички кадар. Исто така, договорена е соработка и на културен план, која УГД ќе ја поддржи рече ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
Средбата се случи денес во Кабинетот на ректорот на УГД, а претходно делегацијата од Унгарија беше во посета на Општината и на некои економски капацитети во градот.