„Распадот на Југославија – 25 години подоцна

„Распадот на Југославија – 25 години подоцна“ беше темата на трибината која ја организираше Центарот за правно – политички истражувања на Правниот факултет на УГД. На трибината, пред студентите на Правниот факултет говореа доц. д-р Дејан Маролов, проф. д-р Тодор Чепрганов и проф. д-р Страшко Стојановски од Правниот факултет при УГД, како и проф. д-р Славејко Сасајковски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања од Скопје.

Поголем дел од студентите не живееле во некогашната Југославија и токму затоа сметам дека трибината е интересна. Позната е темата за нашите родители, не толку и за помладите генерации, слушале за некое далечно време, за коа поголем дел говорат дека убаво се живеело, но сите си имаат свои ставови и аргументи за тоа. Ова е само еден од низата настани кои ги организира Центарот за правно – политички истражувања на Правниот факултет, а јас говорам за надворешната политика на ЕУ, тогашна Европска заедница кон распадот на Југославија, како тие се справуваа со настаните кои се случуваа во европскиот двор, зошто мораше да дојде до таков крвав расплет на настаните, зошто не можевме на пример да го следиме примерот на Чехословачка – изјави доц. д-р Дејан Маролов од Правниот факултет.

Поминаа 25 години откако дојде до распаѓање на СФРЈ, можеме да речеме 25 години потоа самите ние сме сведоци што се случи во годините по 1989, односно по формирањето на самостојните држави кои произлегоа од СФРЈ. Југославија беше држава која беше формирана уште 1919 година на Париската мировна конференција  , кој под име Кралство СХС, Кралство Југославија, Тито успеа да го продолжи како социјалистичка држава  и успеа да опстои се до 1989 односно до 1991 година, кога започнаа војните во поранешната Југославија. Сигурно дека за она што е поминато некој може да жали, но во политиката нема емоции, но во политиката нема емоции, односно политиката е прагматична, каде пред се се гледа интересот. Гледаме дека по распадот на Југославија дојде до крвопролевања на тие простори, и оние пароли за братсво - единство, соживот беа потребни само неколку години за да се претворат во прав и пепел, како да не постоела една генерација која навистина живееле во еден систем кој некои може да го осудуваат, а некои да го сметаат за позитивен. Меѓутоа секој систем има свои маани и свои доблести , нема идеално нешто од кое може да бидат задоволни сите, и тоа е навистина случај и со Југославија. Дали беше системот репресивен, дали беше  диктатура, тоа имате различни мислења, и историчарите сеуште околу тоа ќе дискутираат и ќе пишуваат. Според мене основната причина за распаѓањето на Југославија е национализмот, кој се појави посебно по 1989 година, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, кој национализам во текот на постоењето на Југославија беше со репресија потиснуван, затоа што по ослободувањето во 1945 година голем дел од државите на таа Југославија не се изживејаа национално. Тоа пред се беа македонија, Хрватска, Словенија, кои пред се сакаа да бидат наципнални држави, а потоа да влезат во федерација. Денеска ние можеме да видиме каква е состојбата во Македонија после сиве овие години, дека и Македонија не се наоѓа баш и политички и во секој поглед како стабилна држава, гледаме што ни се случува од секој аспект, и затоа мислам дека ако сакаме да покажеме дека сме биле досега народ кој сакал да има своја сопствена држава, независна, самостојна, треба да смогнат сили денешните политичари и да се обединат околу тоа дека се работи за опстанокот на Македонија – изјави проф. д-р Тодор Чепрганов.

Последен пат изменето на Четврток, 12 Мај 2016 16:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…