Теренска настава на студентите од трета година на Земјоделски факултет

Студентите од трета година на Земјоделски факултет, под менторство на проф. д-р Саша Митрев и доц. д-р Емилија Костадиновска, на 13 мај беа на теренска настава на овоштарник (вишни) со цел одблизу да го видат начинот на заштита на растенијата од патогените промени и штетниците кои се јавуваат кај растенијата.

 

Кај студентите од трета година, како дел од програмата за предметот Фитопатологија, се предвидени и вакви теренски активности преку кои тие директно ќе се соочат со она што реално се случува со растенијата и нивната здравствена состојба.

Директно на терен студентите се запознаа со начинот на подготовка на препаратите за хемиски третман на вишните и начин на нивна апликација.

Последен пат изменето на Петок, 20 Мај 2016 12:07
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…