Одбојкарките на УГД „бронзени“ во кадетска конкуренција

Одбојкарките на ОК „УГД“ го освоија третото место во кадетска конкуренција во Одбојкарското првенство на Македонија. На Фајнал фор турнирот, кој се одржа во Битола, одбојкарките на УГД во натпреварот за третото место беа поуспешни од фаворизираниот состав на „Јанта волеј“, совладувајќи го со 2:1 во сетови. Претходно, во полуфиналето студентките загубија од „Наковски волеј“, екипа која ја освои титулата, победувајќи ја во финалето екипата на домаќинот на Фајнал фор турнирот, „Пелистер“ од Битола.

Бронзата за кадетките е одличен резултат и вовед во следниот викенд, кога најпрвин пионерките играат во Скопје во финалето на државното првенство, против „Јанта волеј“, а во недела во Универзитетската спортска сала „Јордан Мијалков“ ќе се одржува финалниот турнир во младинска конкуренција, каде што ќе настапува и екипата на „УГД“.

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Мај 2016 14:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…