Приказ на предметите според таг: studenti
УГД меѓу средношколците
Претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во изминатиов период извршија презентација на можностите што ги нуди Универзитетот пред средношколците од источниот дел на Македонија.
Најдобриот млад научник ќе одржи предавање на УГД
Во рамките на промоцијата на признанието „Најдобар млад научник“ кое го доделува Претседателот на Република Македонија за врвни постигнувања во науката на лица до 30-годишна возраст, добитникот на признанието за 2014 година Даниел Денковски одржува предавања во рамките на јавните универзитети во Република Македонија.
Студентите се натпреваруваа со своите бизнис-идеи
Двесте студенти поделени во групи на Факултетот за туризам и бизнис логистика, во Наставниот центар – Скопје, се натпреваруваа за своите бизнис-идеи.
Трибина „Идентитетот во средниот век“
Во организација на Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки и Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип се одржа трибината на тема „Идентитетот во средниот век“. Трибината е дел од серијалот предвидени трибини насловени како „Идентитетот низ историјата“.
„Студентско ехо“ излезе од печат
Тринаесеттото издание на весникот „Студентско ехо“ излезе од печат и е достапно за сите читатели и студенти. Студентското списание го изготвуваат студентите на новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет и е поддржано од Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев“.