УГД Живот

Двајца професори од Универзитетот во Мурсија во изминатиот период беа дел од Еразмус размена и поминаа една недела на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Канцеларијата за меѓууниверзитетска соработка денеска го одржа информативниот ден за сите студенти, со цел да се запознаат со Еразмус плус програмата.  

Универзитетскиот спортски центар и оваа година ги организира спортските игри во неколку спортови. По повод патрониот празник годинава ќе се играат баскет, мал фудбал, ракомет, одбојка, пинг-понг, како и шах.

Месецот март, како месец во кој се одбележува денот на основањето на УГД - 27 март, ќе биде исполнет со интензивни активности кои ќе поминат практично во период на два до три месеци, до уписите, со динамично претставување во пошироката општествена јавност. Голем дел од активностите ќе бидат поврзани со денот на основање на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Се известуваат СИТЕ ВРАБОТЕНИ и СТУДЕНТИ НА УГД дека по повод Неделата на борбата против глаукомот, на 14 март 2018 година (среда) во Кабинетот за офталмологија на Факултетот за медицински науки (објект на Текстилно училиште) ќе се прават бесплатни офталмолошки прегледи за сите вработени и студенти на УГД (мерење на диоптрија и очен притисок), во периодот од 8 до 15 часот.

 

Правниот факултет при УГД го објави Повикот за трудови за научното списание „Balkan Social Science Review“.

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Воронешки државен универзитет (Русија) ја организираат Третата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“: филологија, култура и образование.

Страница 47 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…