УГД Живот

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, денеска во Ректоратот на УГД свечено се промовираа докторите на науки и Каталогот на изданија кои се печатени во изминатиот период на УГД.

Петтемина штипски гимназијалци кои направија иновативен проект - прототип за маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце, заедно со својот ментор Петар Петковски, имаа средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, 27 март, се одржуваат спортски натпревари како дел од   проектот „Teaching sport“, во кој покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како партнери се вклучени Одделот за спорт на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (Р. Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).

Теодора Новеска, студент по новинарство, е победник на осмата Ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Теодора имаше говор за проблемите во македонското здравство.

Техничките факултети при УГД (Машински, Технолошко-технички и Електротехнички факултет) ги отворија вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми. Деканот на Машински факултет, проф. д-р Ристо Кукутанов, истакна дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и НУ Музеј на Македонија ќе ја унапредат својата соработка на повисоко ниво. За таа цел, ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и в.д. директорот на Музеј на Македонија Гордан Николов потпишаа Договор за соработка. Според нив, Договорот е од големо значење за двете установи.

И оваа година при одбележувањето на патрониот празник на Универзитет „Гоце Делчев“ дипломираните студенти свечено ќе ги добијат своите дипломи.

Страница 46 од 102
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…