Конкурс за стипендии за студенти на музичките академии

Студентите од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, Бугарија и Словенија) кои студираат на клавир или виолина,  ќе имаат можност да конкурираат за стипендии за продолжување на студирањето на China-ASEAN Art College Chengdu во Кина.

Рокот за пријавување е до 26 април, а информациите можат да се најдат на следните  линкови:

Аудициите за пријавените кандидати ќе се одржат на 6 и 7 мај во Коларчева задужбина во Белград, а ќе бидат доделени вкупно 20 стипендии, по десет за виолина и клавир, што опфаќаат полна школарина, трошоци за сместување, здравствено осигурување и трошоци за живот. Избраните кандидати ќе имаат единствена можност веќе од септември 2018 година да започнат основни или мастер студии на Кинескиот уметнички колеџ во Ченгду. Резултатите од првиот круг на аудиции ќе бидат објавени на 30 април. Аудициите ќе се одржат под уметничко раководство на м-р Тимур Мељник, професор по виолина на  Конзерваториумот „Франц Шуберт“ во Виена, како и пред останати членови на жири комисијата.

Овој конкурс секако е интересен и за студентите на Музичката академија на УГД, а за евентуални прашања можат да се обратат на следнава е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Информации и податоци за Уметничката академија во Ченгду, Кина, можат да се најдат на следниве линкови:

Последен пат изменето на Четврток, 12 Април 2018 12:30
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…