Приказ на предметите според таг: studenti

Универзитетското радио „УГД ФМ“ на свој начин го одбележа денот на македонските студенти - 11 декември. Во отворена програма која се реализираше од Правниот факултет беа реализирани разговори со студенти на факултетите при Универзитетот „Гоце Делчев“, како претставници на своите колеги кои на свој начин покажале студентски ангажман и придонеле за издигнувањето на улогата на студентите на едно повисоко ниво.

Објавено во Студенти

Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика освоија две втори и две трети места на натпреварот по гастрономија и диететика во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Студентите на овој натпревар во конкуренција од професионални готвачи ги освоија одличните две втори и две трети места. Речиси во сите категории студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика од УГД освоија награда и се натпреваруваа рамо до рамо со професионални готвачи од целиот Балкан.

Објавено во Студенти

„Како да се биде добар новинар само со користење на мобилен телефон“ беше темата за која во изминативе неколку дена се обучуваа студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста. Обуката за мобилно новинарство (Mobile Journalism - МОЈО) беше организирана од Институтот за медиумски иновации. Вториот ден обуката ја отвори Сања Васиќ, уредник на телевизија Телма, која на студентите им зборуваше за моќта на продорот на мобилното новинарство (МОЈО) во традиционалните медиуми.

Објавено во Студенти

Невладиното здружение Фондација за развој на локалната заедница Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во текот на декември ќе уредат дел од парковата површина на Кампус 2. Идејата е да се направи едно урбано катче за студентите. За реализација на овој проект е потребно идејно решение под мотото „од студентите за студентите“.

Објавено во Студенти

Проф. д-р Снежана Велковска, научен истражувач од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, неодамна одржа предавање на Филолошкиот факултет при УГД – Штип. Предавањето се однесуваше на многу интересна и актуелна тема – македонската неофразеологија. На предавањето присуствуваа студенти од сите катедри на Факултетот и наставничкиот кадар од Филолошкиот факултет.

Објавено во Студенти
Страница 39 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…