Приказ на предметите според таг: studenti
(Видео) Студенти од Романија преку Еразмус на практична настава во Штип
Тројца студенти од Универзитетот во Орадеа во изминативе неколку месеци се на практична настава во Македонија, односно на Универзитетот „Гоце Делчев“. Студентите имаа практични предавања во лабораториите на Земјоделскиот факултет при УГД, а голем дел од својот тримесечен престој го поминаа и во индустриски капацитети и компании со кои УГД има склучено договор за соработка.
Студентки од УГД стипендистки на ДААД
Две студентки од Филолошкиот факултет - Катедра за германски јазик и книжевност, Роберта Костадиновска и Николина Лукароска, благодарение на стипендијата ДААД добија можност ова лето да заминат во Германија, каде што посетуваа едномесечен курс за изучување на германскиот јазик. Станува збор за стипендија што ја доделува Германската служба за академска размена, наменета за сите студенти кои се во втора и трета година студии, со предуслов да го познаваат германскиот јазик.
Излезе најновиот број на „Студентско ехо“
16-тото издание на студентскиот весник „Студентско ехо“ неодамна излезе од печат. Студентскиот весник во ова издание информира за корејскиот камп што се одржуваше на Универзитетот, за развојот на науката меѓу студентите и за првата студентска конференција, а воедно и за екстремниот велосипедизам како тренд меѓу младите.
Студентите од ФТБЛ на Меѓународна конференција во Шибеник
Во изминатиот период студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на Меѓународната студентска конференција во Шибеник, Република Хрватска, која беше на тема „Култура и односи со јавноста во туризмот“, во организација на Универзитетот во Шибеник.
Профилот преведувач и толкувач поблиску до студентите
Реномираната професорка и преведувачка со долгогодишно искуство проф. д-р Силвана Симоска од Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје одржа предавање пред студентите на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на тема „Die Wortbildung als kreativer Sprachprozess“ (Зборообразувањето како креативен јазичен процес).