Во истражувањето проф. Иванова-Петропулос користи примероци вина од сортите вранец, мерло и каберне совињон произведени во „Тиквеш“.
Резултатите покажале дека квалитетните македонски црвени вина се богати со биоактивни и нутритивни фенолни соединенија, кои имаат антиоксидантно дејство, висока активност против радикали, заштитна улога при артериосклероза и коронарна срцева болест, како и инхибирачко дејство на растот на канцерогените клетки. Во истражувањата особено се истакнуваат вината од сортата вранец коишто имаат највисока содржина од сите групи феноли, особено антоцијани, што ги прават овие вина интензивно обоени и стабилни, погодни за производство на висококвалитетни црвени вина. Притоа, проф. Иванова-Петропулос истакнува дека содржината на биоактивни и нутритивни феноли е променлива и зависи од повеќе фактори, како што се сортата, климатските услови, технологиите на производство и условите на чување на вината. Најголем дел од истражувањата се спроведени на Универзитетот „Кастиња Ла Манча“ во Шпанија, а во реализација на работата беше вклучен тим на научници од Македонија, Шпанија и Унгарија.
Резултатите од истражувањето се достапни на следниве линкови:
http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0889157515000356
На Конференцијата свои излагања имаа и д-р Клемен Лисјак и д-р Андреја Ванзо, експерти од Земоделскиот институт на Словенија, како и д-р Сабина Пасамонти, професор на Катедрата за природни науки на Универзитетот во Трст, Италија.
На настанот присуствуваа бројни експерти од областа на биохемијата, технологијата за производство на вино, од факултетите за земјоделство и храна во земјава, медицински експерти од високообразовните институции и клиники, како и енолози и нутриционисти.