Книжевноста како сведок на историјата

Настаните и личностите низ историјата кои биле забележителни и важни за времето во коешто се случиле, односно живееле честопати се предмет или тема на литературно дело.

На тој начин историјата се претвора во уметност која од голема далечина ни ги приближува важните настани кои веќе одамна би биле заборавени. Во трудот со наслов „Книжевноста како сведок на историјата“, доц. д-р Верица Јосимовска од Факултетот за образовни науки при УГД обработува историски настани кои послужиле како инспирација за книжевно дело на тема болест.

Тоа најчесто се дела со автобиографски елементи, како на пример Ф. М. Достоевски кој боледувал од епилепсија, како и неговиот лик принцот Мишкин во романот „Идиот“.

За туберкулозата пишувале А. Чехов и сестрите Бронте, Е. Дикинсон, за депресијата Е. Хемингвеј, В. Фокнер, Т.С.Елиот и многу други. 

Во овој труд се обработени историските теми за големите епидемии на чума во средниот век и колерата во 19 век и големата смртност меѓу населението, што авторите во своите дела многу реално ја прикажале.

Како што вели доц. д-р Јосимовска: „Книжевноста го користи описот на болестите како историски доказ на животот и тридимензионалното опишување на ликовите и општеството“.

Трудот беше презентиран на Меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование „Филко“, што се одржа на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Целиот текст може да се прочита на овој линк

Последен пат изменето на Четврток, 09 Јуни 2016 13:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…