Најзначајните историски факти за Марс

Марс ја воодушевувал човечката цивилизација уште од времето на Египќаните кога посматрајќи го небото забележале изразенa црвенa појава која ги фасцинирала. Многу подоцна, во втората половина на 16 век, данскиот астроном Тихо Брахе мошне прецизно ја одредил позицијата, каде точно се наоѓа Марс.

Во почетокот на 19 век се појавуваат првите карти на оваа планета, а истражувањата кои се направиле во средината на 19 век покажале дека на Марс денот трае приближно исто колку и на нашата планета, но дека сепак годишните времиња се двојно подолги.

Во 20 век, кога започнуваат интензивните и понапредни истражувања на Марс, е значајна 1964 година, кога за првпат успешно е лансирана ракетата Маринер 4 - првата ракета што го прелета Марс и на Земјата испрати 21 фотографија од друга планета.

По овој успех, НАСА ги лансираше Маринер 6 и Маринер 7 кои испратија десетици фотографии на кои се гледаа големи кратери, па извесен период се сметало дека Марс изгледа како Месечината.

Освен НАСА, и Советскиот Сојуз вршеше интензивни истражувања на Марс, а најголемиот успех го постигнаа со ракетата Марс 3.

Во 1975 година НАСА ја лансираше Викинг 1, а неколку месеци подоцна и Викинг 2, која на Земјата испрати 16.000 фотографии и се смета за еден од најуспешните експерименти на НАСА.

Во периодот од 1996 година до 2001 година се истакнуваат проектите на НАСА: Mars Global Surveyor - кој испрати повеќе фотографии од сите дотогашни мисии и 2001 Mars Odyssey - кој за првпат испрати фотографии со високи резолуции.

Од 2001 година до денес НАСА реализираше повеќе успешни лансирања, а секако најзначајно откритие е што научниците го потврдија постоењето на вода на Марс.

 

 

Последен пат изменето на Среда, 21 Октомври 2015 10:31
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…