Истражување предводено од Arkhat Abzhanov, поранешен професор по еволутивна биологија, покажа дека дека клуновите на птиците се резултат на скелетните промени кои се настанати поради генетски фактори.
“Еволуцијата на клунот беше антологиски чекор за модерните птици, што ги прави различни од примитивните птици кои сеуште имаа рилки“, рече Abzhanov.
Првиот чекор кон одговорите околу еволуцијата на клунот е одговорт на прашањето: зошто воопшто птиците имаат клунови?.
“Предците на птиците имаа многу долги прсти и нешто како оспорлив палец“, вели Abzhanov. Научниците веруваат дека тие можеле да ги користат своите раце за да изградат гнезда и да остварат мали летови. Ова е периодот кога рацете на птиците еволвирале во крилја, а нивните прсти преминале во коски на крилјата. Во овој еволутивен чекор, кога птиците ги изгубиле рацете, тие ги замениле со прст на нивното лице – клун.
“Двата клуна кај птиците се подвижни, како погорниот, така и подолниот, така што тие работат како пинцети, дозволувајќи им едно ниво на прецизност во манипулирањето со ситни нешта кои можат да бидат дофатени само со рака.”
За да се добие точна претстава за тоа како точно еволуирале птиците, Abzhanov и неговите колеги се свртеа кон нивните најблиски видови, алигаторите.
Истражувачкиот тим откри две генетски патеки, кои се присутни кај сите ‘рбетници, но тие фунционирале различно при оформувањето на ликот на птицата.
Овие патеки, со кратенки FGF8 и WNT им кажуваат на клетките како да се размножуваат и разликуваат, а во земјените ‘рбетници, вообичаено се изразени во два предела – околу левaта и околу десната страна на носните шуплини.
Кај птиците, сепак, овие еволутивни патеки се одразиле на средината на лицето, причинувајќи двата региони околу носната шуплина да се спојат во еден единствен клун – наместо во пар на коски.
Резултатаите на истражувањето, како што вели Abzhanov, индицираат дека клуновите не се појавиле целосно оформени, но се оформувале постепено преку промените во формата на нивната градба. Некои од овие промени можат да се видат во архивата на фосилите.
„Сметаме дека палеонтологистите во иднина ќе бидат во можност да пронајдат фосили кои ќе ја премостат оваа транзиција помеѓу модерните птици и нивните предци.“, вели Abzhanov. „Оваа транзиција може да се има случено во изолирана географска средина или може да се има случено причично брзо, така што тие можеби ќе имаат потешкотии да ги пронајдат ваквите примери, но претпоставуваме дека ваквите транзициски фосили во еден момент ќе успеат да бидат пронајдени и тие ќе наликуваат многу на нашите експериментални животни“.
Тој додаде дека она што е важно е објаснувањето на една важна карактеристика на денешните птици, како пример на уште едно еволутивнo откритие.