Наука за живот

Инспирирани од науката која има клучна улога во работата на секој универзитет, УГД преку серија настани ќе се обиде да ја приближи науката во секојдневниот живот на студентите, средношколците, бизнис заедницата и пошироката општествена јавност.

Да се биде дел од науката и да се практицира истата во секојдневниот живот бара многу умешност и знаење. Лукавите луѓе ја презираат науката, простите ѝ се воодушевуваат, а мудрите ја користат (Френсис Бекон), а ние ќе се заземеме науката да ја доближиме до сите преку проектот на УГД  - „Наука за живот“.

Овој проект е вовед во серија активности и настани со цел споделување на инспиративни научнопопуларни говори од избрани  говорници – професори, студенти, практичари, експерти, ученици, родители. Целта на овој проект е да се промени перцепцијата за важноста на науката во општеството, нејзината применливост, да се доближи универзитетот до младите, а младите да се мотивираат да имаат свои настапи како оратори кои преку споделувањето на научнопопуларни говори ќе ја имплементираат науката во секојдневниот живот.

На нова сцена во Мултимедијалниот центар на УГД на 22 ноември 2017 година со почеток во 12 часот бидете дел од првото издание на „Наука за живот“.

На настанот ќе говорат проф. д-р Блажо Боев, проф. д-р Владо Камбовски, проф. д-р Рубин Гулабоски, проф. д-р Трајче Стафилов и проф. д-р Кирил Барбареев. Модератор на настанот е Бубо Каров.

Последен пат изменето на Вторник, 14 Ноември 2017 12:02
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…