Административното затворање на проектот со програмата Балкан мед не значи и прекинување на работата на скоро 200.000 евра вредните компостерски единици, туку напротив значи дека Пробиштип ќе стане предводник во регионот кој ќе започне со имплементација на Директивата за органски отпад на ЕУ.
Сепарацијата и одлагањето на органски отпад во компостерките, и покрај состојбата со ковид-19, во Пробиштип се одвива со малку намален капацитет од предвиденото. Граѓаните кои одлагаат органски отпад во компостерките се максимално посветени и вклучени во соработката, а од страна на експертските лица – професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ секојдневно се мониторира работата. Земени се и првите мостри за биохемиски анализи од компостот и истите се работат во лабораториите на Универзитетот.
На 21 мај 2020 година средба остварија тимот управувачи на проектот БИООТПАД со техничките лица и со директорот на ЈП „Никола Карев“ и се усогласија кои ќе бидат заедничките активности на сите чинители во успешното затворање на овој меѓународен проект.