На покана на Европската асоцијација на универзитети, а како претставник во Советот на докторско образование во ЕУА, Проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки учествуваше на овој настан преку сертифицирани вебинари.
Конференцијата се одржа од 17 до 24.04.2020 год. и главната тема на конференцијата беше Универзитетите градат подобра Европа.
Содржините беа покриени преку следните вебинари:
17.04.2020- „Дали зајакнувањето на бројот на универзитетските алијанси ги менува правилата на игра ?“
22.04.2020- „ Промовирање на универзитетското социјално вклучување“.
24.04.2020- „Дизајнирање на универзитетските програми во поддршка на Европскиот зелен договор и одржлив развој“.
Преку презентации на европските експерти, претставници од европските универзитети, членки на ЕУА и интерактивно учество, беа донесени неколку главни заклучоци и беа отворени нови прашања.
Универзитетите играат клучна улога во креирање на знаење и придвижување на демократски и одржливи општества. Нивното влијание на добросостојбата и развојот на една напредна, компетитивна европска основа се огледа во едуцирање на идни лидери, професионалци, истражувачи. Тоа доаѓа подеднакво од научни истражувања кои се иницирани од истражувачка љубопитност, кои целат кон идентификување и исполнување на пошироки предизвици со кои сите се соочуваме, па сè до досегање на локалната и глобална индустрија и владите во поддршка и придвижување на повеќе неопходните иновации. Сè уште демонстрирањето и комуницирањето со универзитетското влијание на општеството е предизвик сам за себе. На универзитетите им се неопходни јаки лидерства, фокусиран стратешки приод, како и координирани напори низ Европа и понатаму.