Највисоката можна температура

Колкава е, теоретски, највисоката температура која би можела да постои во Универзумот?

За разлика од добро утврдената долна граница на температурата горната граница е нешто што е прилично непознато. Научниците знаат дека под апсолутната нула нема никакво движење ниту интеракција меѓу честичките, па така пониска температура од апсолутна нула не е возможна. Но за разлика од тоа не сме воопшто сигурни која е горната граница и дали таа може да се зголемува до бесконечност.

Можен кандидат за највисока температура е таканаречената Планкова температура. 142 нонилиони келвини е најголема дозволена температура според стандардниот модел на елементарни честички во физиката денес. Тоа е 142 со триесет нули. Како што објаснуваат научниците од Универзитетот Дармт оваа температура е можна кога ќе се воспостави топлотна рамнотежа. За тоа е потребна интеракција меѓу честичките.

Според некои астрофизичари реалната вредност на оваа граница е неколку нули помала од Планковата температура. Тие вредности владееле во првите моменти на настанокот на универзумот, после Големата експлозија.

Извор : www.popsci.com.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 09:43
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…