Научен тим составен од генетичари и ветеринари успешно го направи првото вештачко оплодување кај кучиња. Се работи за ин витро оплодување, најпознатата постапка за медицинска стимулација во оплодувањето.

Овој тип на оплодување долго време се користи кај луѓе, глувци и други животни, но научниците со години го одбегнуваа вештачкото оплодување кај кучињата од едноставна причина што процесот кај овие животни е многу посложен заради специфичните услови кои треба да се создадат во организмот на оплоденото куче.

Овој прв успешен случај на вештачко оплодување кај кучиња им даде надеж на научниците дека вакво оплодување е можно и кај други животни, посебно кај оние видови кои се ретки и во изумирање.

Доктор Алекс Тревис, еден од учесниците во научниот тим, вели дека долг период се работи на унапредување на вештачкото оплодување, особено кај кучињата, така што низ годините се направени одредени промени и иновации. Благодарение на упорноста, стапката на успешност во вештачкото оплодување се зголемила на дури 90 отсто.

Извор: www.sciencenews.org.

Последен пат изменето на Среда, 16 Декември 2015 15:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…