Но кој е, всушност, Теренс Тао?
Неговото име е познато меѓу математичарите уште од неговата најрана возраст, со само две години ги изненадил родителите со тоа што успевал да реши прости математички задачи, а на седум години веќе станал познат во училиштето како извонредно талентирано дете.
Роден е во Австралија, во семејство на кинески емигранти, кое било познато по својот математички талент. Негови браќа се Трејвор Тао, аутистичен шампион во шах, доктор по математика и одличен музичар и Нејџел Тао, кој имал големи успеси на математичките олимпијади, а денес работи како инженер во Гугл.
Теренс Тао имал само девет години кога се преселил во САД и почнал да посетува универзитетски предавања и учел во Центарот за млади таленти основан од психологот Џулијан Стенли. Една година подоцна, Теренс Тао станал најмладиот учесник во историјата на Математичката олимпијада, а на ова престижно натпреварување освоил најпрвин бронзен, потоа сребрен и златен медал и за секој од нив бил најмлад добитник.
До 2013 година, Теренс Тао објавил 250 труда и 17 книги. Води и свој математички блог на кој сите можат да ја следат неговата работа и многу често е отворен за прашања и коментари. Во едно од своите интервјуа изјавил дека еден период математиката ја третирал како спорт, па учествувал на сите можни натпревари, но дека денес поинаку ја сфаќа, како наука која нѐ учи како функционира светот.
За својот успех вели дека е резултат на љубовта кон математиката, а неговата максима е „важно е да работиш многу и професионално, но важно е и да уживаш во својата работа“.