2. Нови гигантски желки од Галапагос
Преку генетско тестирање направено неодамна, научниците докажаа дека она за кое до сега мислеа дека е еден вид на гигантска желка во Галапагос, всушност, се два различни видa.
Постојат само неколку стотици членови на новите видови кои се наречени Chelonoidis donfaustoi според Дон Фаусто, човекот кој го чуваше Осамениот Џорџ, познатата гигантска желка која беше последната од својот вид. Новите видови се едни од 15-те вида желки кои се наоѓаат на островите Галапагос, иако четири од нив се веќе изумрен вид.
3. Време на Плутон
Од неговото дебитирање во јуни, проектот „Време на Плутон“ кој го спроведува НАСА собра речиси 7.000 фотографии од целиот свет.
Учесниците беа поканети да сликаат разденување и заоѓање на сонцето, кога нивото на светлината е најслично на она кое се гледа на полноќ на планетата Плутон. Илјадници слики го прават мозаикот на Плутон и Шерон, неговата најголема месечина.
4. Еволуцијата на Лего коцките
Забележувајќи дека одредени бои се попопуларни во последниве години, фан на ЛЕГО креираше визуелизација која покажува како еволуирале боите на играчката од 1975 година. Темносива, кафеава и темножолто-кафеава се боите кои преовладуваат.
5. „Добро утро“ од Скот Кели
Еден астронаут на НАСА неодамна ги сликаше сончевите зраци од вселената и го објави ова на Твитер. Скот Кели годинава во март го започна својот едногодишен престој во Светската вселенска станица. Покрај објавувањето на корисни информации за здравствените влијанија од долгиот вселенски престој, Кели објави и убава документација на прекрасниот поглед од вселената.
6. Уметнички фотографии направени од вселената
Астронаутот Скот Кели испраќа прекрасни фотографии кои ги прави за време на неговиот вселенски престој. Оваа фотографија е една од 17-те што ги направил за време на летањето над Австралија.
7. Ларви од пчела
Овие ларви од бразилска пчела се зависни од посебни печурки кои растат во нивните гнезда. Едно ново истражување на „Current Biology“ покажува дека ларвите нема да преживеат без хранливите материи на овие печурки. Ова може да биде корисно во користењето на фунгицидите во земјоделството.
8. Соколи во Сан Франциско ги сопреа безбедносните сирени
Јавниот безбедносен систем во Сан Франциско врши редовни тестирања на своите сирени кои се користат во случаи на опасност. Сепак, дел од сирените мораа да бидат исклучени, затоа што се во голема мера вознемирувачки за еден одреден вид на соколи со црвени канџи. Овој вид е еден од најчестите грабливци во Северна Америка.
Извор: http://popsci.com