Наместо носење на затворска униформа, тие носат костум и со шармантна насмевка го работат својот бизнис. Овие истражувања покажуваат дека психопатијата почесто се среќава помеѓу познати бизнис-лидери, отколку во останатата популација.
Борд и Фритсон открија дека некои психопатски карактеристики се почести кај бизнис менаџерите отколку кај криминалците со ментално нарушување. Бизнис-лидерите имаат повисоки вредности во „вештачки шарм“, „егоцентризам“, „неискреност“ и „манипулативност“ во споредба со криминалците со кои се споредени, а нивоата на „грандиозност“, „недостаток од емпатија“, „експлоатирачки дух“ се исти како кај испитаните криминалци.
Главната разлика помеѓу бизнис менаџерите и криминалците е во антисоцијалните аспекти на психопатијата: криминалците имаат повисоки резултати во нивоата на импулсивност и агресивност.
Следната табела ги покажува нормалните лидерски карактеристики и нивните психопатски еквиваленти:
Лидерски карактеристики | Психопатски карактеристики |
Харизматичност |
Вештачки шарм |
Самодоверба | Грандиозност |
Способност за убедување | Манипулација |
Визионерски идеи | Фабрикување на нејасни приказни |
Преземање ризик | Импулсивност |
Акциска ориентираност | Потрага по возбуда |
Ова покажува дека фокусот на психопатите е свртен кон наградите, а не кон казните.Едно истражување на психијатарот Адријан Реин и неговите колеги докажа дека кога грешките биле казнувани со електричен шок, психопатите биле побавни во учење на грешките отколку оние кои не се психопати. Сепак, кога успехот е награден финансиски и кога електричниот шок е исклучен, улогите се менуваат и психопатите ги учат правилата побрзо.
Одовде, заклучуваат тие, психопатите се имуни на страв и кога бараат награда – тие не се грижат за последиците. За психопатот, финансиската добивка, статусот, моќта и контролата се карактеристики кои ги движат во корпоративниот свет каде што тие се наоѓаат.
На овој линк може да се најде тест кој ќе го открие вашето психопатско ниво. Тестот е наменет само за забава.
Извор: http://the-gist.org