Годишното време го менува начинот на кој ги гледаме боите

Во многу делови на светот промената на годишните времиња со себе носи и свои карактеристични бои, повеќе зелено на пролет и лето, а повеќе бело и сиво во зима.

Но, според новото истражување објавено во научното списание „Current Biology“, промената на годишните времиња, всушност, влијае врз начинот на кој ги перципираме боите.

Специфичната боја во овој случај е жолтата, а нашите очи ја интерпретираат како „вистинска жолта“ боја која на човекот му изгледа различно во зима и во лето. Жолтата боја е една од четирите „единствени“ бои кои човечкото око може да ги перципира заедно со сината, зелената и црвената. Тоа значи дека нашето око овие бои ги препознава како чисти, односно како бои кои не се мешаат со други. Но жолтата боја е единствена дури и во категоријата на овие „единствени“ бои, затоа што повеќето луѓе имаат иста перцепција како изгледа „вистинската“ жолта. Токму поради тоа научниците се прашале дали може таа иста перцепција на жолтата боја да биде предизвикана од надворешни, а не од физиолошки влијанија.

За да ја проверат оваа претпоставка, побарале од 67 мажи и жени од Велика Британија да им кажат кога според нив вистинската жолта боја ја добива својата единственост. Истражувањата се направени во пролет и есен и се откриени значајни сезонски промени при перцепција на единственоста на жолтата боја.

Она што го воочивме е дека при промена на годишните времиња, нашиот вид се приспособува на надворешните промени“, изјавила Лорен Велбурн, авторка на студијата. Таа верува дека нашиот визуелен систем се адаптира на годишните времиња исто како што ја адаптираме бојата на нашиот ТВ приемник.

Резултатите од ова истражување веројатно нема да помогнат многу во лекувањето на очните болести, но ќе помогнат во разбирање на функционирањето на нашиот визуелен систем и разбирањето за тоа како го перципираме светот околу нас.

Извор: Discovery

Последен пат изменето на Петок, 30 Октомври 2015 09:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…