Црвеното и процесирано месо предизвикува рак – треба ли да јадеме месо?

Многу прашања се покренаа откако Светската здравствена организација (СЗО) на почетокот од оваа седмица објави  дека процесираните меса и црвеното месо се причинител за појава на рак, особено на рак на дебелото црево. Поради оваа причина, СЗО на својата веб-страница постави низа објаснувања на најчестите прашања кои се јавуваат кај луѓето ширум светот.

Ова тврдење на СЗО дојде по големо истражување и сублимат на многу научни трудови од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот во кое се вели дека процесираното месо, како сланина, шунка и виршли, предизвикува рак на дебелото црево и на стомакот, односно го зголемуваат ризикот за оваа болест, иако за волја на вистината, врската не е пронајдена. Тврдењето се базира на тоа дека процесираното месо и процесот на процесирање - готвење, чадење, ферментација и сл. создаваат хемикалии кои се канцерогени или „сомнителни“.

Агенцијата потенцира дека црвено месо, како говедско и свинско, веројатно предизвикува рак на дебелото црево, но е и потенцијален предизвикувач на рак на панкреас и простата.

Агенцијата во рамките на СЗО вели дека имаат ’доволно докази’ (не само асоцијации) според кои процесираното месо предизвикува рак, но пушењето во многу други нешта е пострашно“.  вели д-р Џон Ионанидис, претседател на Одделот за превенција на болести во Универзитетот „Стенфорд“

Агенцијата при СЗО, анализирајќи преку 800 епидемиолошки студии, пресметала дека пушењето предизвикува рак на милион луѓе годишно, алкохолот на 600.000 луѓе годишно, а исхраната богата со процесирано и црвено месо 34.000 случаи на рак глобално. Преведено во шанси тоа не значи дека јадењето месо е ризично како пушењето. Анализата на Британскиот истражувачки центар вели дека во просек 61 од 1.000 луѓе ќе развијат рак поврзан со цревата во текот на животот. Меѓу 1.000 „месојади“ рак ќе развијат 66 луѓе, додека меѓу 1.000 кои јадат помалку месо рак ќе развијат 56 луѓе.

Што значи ова во количина на месо? Дали не треба да јадеме воопшто месо? Светскиот истражувачки центар за рак препорачува да не се јаде повеќе од 500 грама црвено месо неделно и јадење на што е можно помалку процесирано месо. Една виршла отприлика е 45 грама. 100 грама месо визуелно е големо колку еден шпил карти – помалку од половина македонски хамбургер.

Извештајот беше одобрен од повеќе од 22 научници од 10 држави кои анализирале 800 трудови за рак кај луѓето.  Иако реалниот ризик од јадење на процесирано месо е мал, луѓето кои јадат многу процесирано месо можат да го зголемат својот ризик за појава на рак. Овие докази на Агенцијата за истражување на ракот се поклопуваат со Американското друштво за рак и Светскиот фонд за истражување на ракот.

Објавувајќи ги овие истражувања, СЗО покрена многу прашања кај јавноста, како на пример што се смета за црвено месо, што е процесирано месо, како се правени истражувањата, кои методи на готвење треба да се применуваат, дали јадењето сирова храна е поздраво и така натаму. Одговори на овие и на многу други прашања можат детално да се најдат на веб-страницата на СЗО.

Извор: Светска здравствена организација и Светски истражувачки центар за рак

Последен пат изменето на Петок, 30 Октомври 2015 15:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…