(ВИДЕО) На Плутон откриени вулкани кои наместо лава исфрлаат лед

Во јули годинава сондата „Нови хоризонти“ ја истражуваше планетата Плутон, дел од обработените фотографии снимени со сондата покажуваат дека оваа планета е далеку подинамична од тоа што се очекувало и дека е геолошки активна. Фотографиите покажуваат два вулкани кои до неодамна биле активни.

Подеталната анализа покажала дека се работи за криовулкани – вулкани кои наместо вжештена лава исфрлаат вода, метан и амонијак.

Вулканите се високи четири километри, широки околу 160 километри, а според обликот се многу слични со вулканите на Земјата. Откритието на криовулканите е најзначајното откритие добиено од сондата „Нови хоризонти“, бидејќи покажува дека дури и на мали небесни тела, како што е Плутон, е  можно да се генерира топлина потребна за геолошки процеси.

Првите претпоставки се дека веројатно станува збор за распаѓање на радиоактивни елементи кои останале заробени во внатрешноста на Плутон уште при нејзиното формирање пред 4,5 милијарди години. Со тоа се создава доволно топлина којашто ги топи ледените површини и на тој начин се создаваат криовулканите.

Вакви вулкани досега се откриени на Нептун и на Сатурн.

Извор: http://www.iflscience.com/.

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Ноември 2015 10:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…