Научно говорејќи, имајќи ги предвид причините што ги предизвикале, солзите се делат на неколку типа – солзите на тагата и среќата се психички, емоционални солзи заради екстремни емоции, негативни и позитивни. Базичните солзи се слеваат постојано, но во мали количини (отприлика 0,75 до 1,1 г. во период од 24 часа), на тој начин рожницата останува постојано влажна. Рефлексните солзи се излачуваат како одговор на иритација, на пр. прашина.
Сите солзи содржат одредена количина на биолошки супстанции (вклучувајќи антитела и ензими), но како што покажува Фишер преку своите фотографии, солзите од различни категории имаат посебна молекуларна структура.
На пример, емоционалните солзи содржат хормони врз база на протеини кои се природно средство за ублажување на болката и го опушта телото во моменти кога е изложено на стрес.
Интензивното проучување на солзите во долг временски период ја навело Фишер за солзите да размислува не само како на солена течност што се излачува во посебни емоционални моменти, туку како посебен микрокосмос кој во својата структура го обединува човечкото искуство.