Што содржат природните производи?

Многумина од луѓето се „плашат“ од процесираната храна и од листата на состојки што ги пишува на етикетата. Науката вели дека, веројатно, постои страв затоа што не знаат што значат овие состојки и секоја следна состојка звучи пострашно од претходната. Но хемичарите се согласни дека дури и наједноставните 100% природни производи се полни со хемиски состојки. Хемичарот Џејмс Кенеди од Австралија направил листа на состојки на органски и 100%  природни производи.

Ова е составот на сосема нормално и природно јајце.

„Сакав да го смалам стравот што луѓето го имаат од хемикалиите и да им покажам дека природата создава многу хемикалии, механизми и структури покомплицирани и многу понепредвидливи од она што ние можеме да го создадеме во лабораторија“, вели Џејмс. Тој го покажа составот и на сосема природна и обична банана.

„Сликите ги содржат сите состојки во популарни природни производи користејќи ги е-броевите и ’IUPAC’ имињата наместо нивните ’вообичаени’ имиња. На пример антоцијан (Anthocyanin), врз основа на што боровницата е позната како „супер храна“, хемиски се нарекува уште и E163“, вели Џејмс.

Со овие слики хемичарот сакал да покаже дека „хемикалиите“ и „хемијата“ се насекаде и сѐ е хемија, а не само процесираната храна.

Последен пат изменето на Петок, 20 Ноември 2015 15:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…