Најголемата лабораторија за клонирање во светот се гради во Кина

Во Кина ќе се гради најголемата лабораторија за клонирање во светот, во која ќе се вложат 30 милиони американски долари.

По завршувањето на изградбата во лабораторијата се планирани клонирања на кучиња, крави, коњи и др. Покрај клонирањата, центарот ќе формира и банка за гени, а во него ќе се вршат научни истражувања и едукативни активности.

Центарот ќе започне со работа во текот на 2016 година и како најголеми инвеститори се појавуваат „Boyalife“ - водечката компанија за матични клетки, како и неколку компании од Јужна Кореја и од Кина.

Една од компаниите вклучени во проектот - „Sooam“ нуди и комерцијално клонирање во своето седиште во Јужна Кореја. За сума од 100.000 долари може да се добие точна генетска копија на болното домашно милениче, со што неговиот живот, барем како клон, може да се продолжи сѐ додека клиентот има пари да плати за оваа услуга.

Кина е веќе позната како земја во која во последните неколку години се вршат интензивни истражувања во областа на клонирањето, како што се клонирање на свињи кои се користат за медицински истражувања.

Извор: http://www.rt.com 

Последен пат изменето на Вторник, 24 Ноември 2015 11:07
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…