Како музиката го мами увото?

Што ја прави некоја музика толку убава и пријатна за увото? Најдобрите композиции направени некогаш се безвременски и ги надминуваат сите културолошки феномени – но што е она што е заедничко за тие композиции и што ги прави толку привлечни за слушање?

Ново истражување објавено во списанието „BioMed Central“ наведува дека мозокот ги поедноставува сложените елементи на сличен начин како што се компресираат и намалуваат аудио фајловите, при што се отстрануваат излишните делови од музичките фајлови.

Постои стара и востановена теорија која вели дека умот потсвесно ги препознава комплексните шаблони и дека ние сме програмирани да ги препознаеме едноставните шаблони како попримамливи.

Д-р Николас Хадсон користи програми за компресирање на музички парчиња за да ги спореди со можноста мозокот да ги збие и процесира аудио информациите. Тој ja спореди количината на компресирање на звуци кои се одбрани случајно, со онаа кај музички избор кој вклучува класични, техно, рок и поп композиции.

Заклучокот е дека случајните звуци се компресираат дури до 86% од нивната оригинална сложеност, кај вторите овој процент изнесува 60%. Конкретно, комплексната трета симфонија на Бетовен е компресирана на само 40%.

Д-р Николас Хадсон вели дека „безвременските музички дела, и покрај нивната видна сложеност, поседуваат висок степен на можност за компресирање и токму оваа можност е тоа што е привлечно кај нив. Така, без разлика дали сте класичар или љубител на поп музиката, докажано е: ние ја бираме музиката што ја слушаме не само преку фактичко слушање, туку и преку пресметка на можноста за компресирање“.

Пораката до композиторите е дека ако сакаат нивната музика да се слуша со децении и векови, треба да напишат музика која звучи комплексно, но може лесно да се подели на едноставни парчиња кои се лесни за слушање.

Извор: www.sciencedaily.com

Последен пат изменето на Среда, 25 Ноември 2015 10:54
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…