Што може да научите од Нил Деграс Тајсон?

Парче мудрости од големиот Нил Деграс Тајсон

  • „Најдоброто нешто во врска со науката е дека е вистина без разлика дали вие верувате во неа или не“.
  • „Во текот на нашиот краток престој на планетата Земја, си должиме себеси и на нашите предци можност да истражуваме – дел поради тоа што е забавно, но постои и доста поблагородна причина. Денот кога нашето знаење за вселената ќе се прошири, ние ризикуваме да се вратиме назад кон детскиот став дека универзумот фигуративно и буквално се врти околу нас“.
  • „Не сакам студентите кои ќе го направат следното големо откритие во обновливите извори на енергија да научат дека она што не го разбираат и сѐ уште никој не го разбира е божествено изградено и затоа е надвор од нивниот интелектуален капацитет. Денот кога ќе се случи тоа, Американците ќе седат со стравопочит за тоа што не го разбираат, додека го гледаме останатиот дел од светот како храбро оди онаму каде што ниту еден човек не отишол“.
  • „Се обидувам да ги убедам луѓето - не само јавноста, туку и создавачите на законот и луѓето со моќ - дека инвестирањето во границите на науката, колку и да изгледа далечно сето она што луѓето го прават, е начин на складирање на семето на иднината на идните жетви на овој народ“.
  • „Никогаш не сум сакал да го цитирате мојот авторитет како научник за вашето знаење. Ако тоа е она што го правите, тогаш јас не сум успеал како едукатор“.
  • „Како едукатор, должност ми е да ве поттикнам да размислувате за да одите напред и да размислувате точно за тоа како светот е составен“.
  • „Во рамките на еден линеарен сантиметар од вашиот долен дел на дебелото црево живеат и работат повеќе бактерии отколку што некогаш биле родени, а сепак луѓето сметаат дека тие се оние кои владеат со светот“.
  • „Ако не разбирате нешто и ако тоа не го разбира заедницата на физичарите, дали тоа значи дека Бог го направил?.. Ако така сакате да наречете вашиот доказ за Бог, тогаш Бог е научно незнаење кое станува сѐ помало и помало како што времето изминува“.
  • „Помалку позната тајна е дека физичарот е еден од најдобрите работници на пазарот на трудот - физичарот е обучен да решава проблеми. Колку пати сте слушнале еден човек на работното место да каже: „Не сум обучен за ова!“ Ваква реакција нема шанси да добиете од физичар, кој наместо тоа ќе рече: „Супер!“.
  • „Инспириран студент е оној кој продолжува да учи сам. Токму тука се одделуваат вистинските постигнувачи во светот од оние кои ги завршуваат задачите“.
  • „Знаењето од каде доаѓате не е помалку важно од знаењето каде одите“.
  • „Ако сакате да ја покажете вистината, прво осигурајте се дека не е само мислење кое вие очајно би сакале да е вистина“.
  • „Ако ги прашате возрасните колку наставници од основно, средно и факултет им оставиле вистински впечаток, тоа не се повеќе од три или четири наставници. Кога конечно ќе создадеме машина за клонирање, треба да ги клонираме овие наставници“.
  • „Креативноста е она што сите други го гледаат, но потоа имаат нови размислувања кои никогаш претходно не биле помислени или изразени некако“.
  • „Науката е кооперативно претпријатие, што се протега низ генерациите - пренесување на факелот од наставник до студент, па повторно до наставник. Заедница на умови која достигнува до антиката и напред до ѕвездите“.

Извор: www.fakulteti.mk.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Ноември 2015 14:22
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…