Суплементите во облик на витамини се за џабе потрошени пари – велат научниците

Внесувањето витамини на своја рака скоро никогаш нема бенефит за здравјето, напротив некогаш може да биде и опасно, велат група научници, а за ова силно ја обвинуваат индустријата за нивно производство.

И покрај тоа, студиите покажуваат дека еден од тројца Британци зема витамини или минерали во облик на таблети.

Заклучоците беа изнесени од англиски и американски академици на Универзитетот Warwick и медицинското училиште „Џон Хопкинс“ во Балтимор и истите беа објавени во списанието за интерна медицина „Хроники“.

Научниците, исто така, сугерираа дека компаниите кои продаваат суплементи разгоруваат лажни здравствени грижи, па нудат непотребни лекови.

Нивното мислење е креирано врз основа на повеќе истражувања кои ако се сумираат се собираат 450.000 луѓе, кај кои за среќа не е забележан смртен исход од земањето на витамини.

Во друго истражување со 6.000 повозрасни мажи е утврдено дека и покрај тоа што тие 12 години земале суплементи, нема никакво подобрување на когнитивниот пад.

Експертите велат – повеќето суплементи треба да се избегнуваат бидејќи нивната консумација е неоправдана.

Тие ќе речат: „Овие витамини не треба да се земаат за превенција од хронични заболувања. Доволно е доволно“. Според нив секој вид западен начин на исхрана е одличен за да ги задоволи дневните потреби од витамини.

Има некои кои се залагаат да имаме претстава дека имаме многу хранливи недостатоци во нашата исхрана. Вистината е, ако сме генерално прејадени, нашата исхрана е наполно адекватнаЕдгар Милер од медицинското училиште „Џон Хопкинс“ во Балтимор

Овие компании ни продаваат маркетиншки трикови базирани на перцепцијата. Ни прават да мислиме дека нашиот начин на исхрана е нездрав и тие можат да ни помогнат да ги надополниме недостатоците и да ги спречиме појавите на хронични заболувања. Многу мал број од популацијата има потреба од ова. Има по нешто за сѐ – од спречување на болки во глуждовите до стопирање на срцевите заболувања. Ако секој месец трошите пари на овие суплементи, дали тоа е најдобрата опција?Едгар Милер од медицинското училиште „Џон Хопкинс“ во Балтимор

А, Здружението на производители на здрава храна вели дека витаминските суплементи се неопходни за луѓето со неправилна исхрана.

Последен пат изменето на Понеделник, 30 Ноември 2015 09:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…