За оваа студија, социолозите истражуваа дали двајца високопрофилирани „популаризатори на науката“ – научници кои имаат обид да ѝ помогнат на широката публика да ја разбере науката и да разбере како таа е поврзана со секојдневниот живот прават широката публика да ги гледа науката и филозофијата како неконфликтни.
Истражувачите открија дека човечките перцепции за врската наука - религија не се зависни од написи на научници кои веруваат дека науката и религијата се контрадикторни, сепак читање на текстови од некој научник кој верува дека двете институции се зависни една од друга ги води испитаниците кон еден колаборативен поглед на религијата и науката.
Претставничка од Универзитетот Рајс, Елен Хауард Еклунд вели дека откритијата можат да бидат објаснети преку она што значи „значајни разлики во перцепциите за кредибилитетот на Докинс и Колинс“.
Имено, Докинс е реномиран британски еволутивен биолог, но и атеист и критичар на интелигентните софтвери. Колинс е директор на националните институти за здравје во САД и евангелистички христијанин.
„Докинс беше прилично агресивен поддржувач на идејата дека религијата во својата природа се судира со науката, а науката ја поткопува религијата“. велат истражувачите
„Од друга страна, Колинс лично се претставува како доказ дека религијата и науката не само што можат да коегзистираат туку можат дури и да ги подобрат и просветлат меѓусебно нивните откритија“.дополнуваат тие
Истражувањето вклучи национална анкета која опфати преку 10.000 жители на САД. Дел од анкетата ги праша индивидуалците дали тие претходно слушнале за Докинс и Колинс. Резултатите открија дека Докинс е многу попознат помеѓу испитаниците отколку Колинс.
На оној дел од испитаниците кои рекле дека Колинс им е целосно непознат им била презентирана биографија која ги потенцира неговите погледи на врската религија-наука.
Оваа група на испитаници во голем дел се согласи дека религијата и науката можат да коегзистираат, по читањето на Колинс.
Спротивно на тоа, оние кои не биле запознати со Докинс и прочитале за неговиот живот и дело немале никакви промени во нивните индивидуални ставови околу оваа тема.
Еклунд заклучи дека ова истражување покажува дека луѓето повеќе слушаат и прифаќаат ставови на позната личност доколку се согласуваат или се препознаваат во таа личност.
„Бидејќи постојат повеќе луѓе во САД кои се идентификуваат како христијани, повеќе отколку атеисти, Колинс неминовно има посилен ефект врз нив“. вели Еклунд
Еклунд вели и дека овие откритија имаат важни импликации за тоа како институциите и нивните видни претставници го оформуваат јавното мислење.